ОСИГУРИТЕЛНО БРОКЕРСКО ДРУШТВО |
|
АЛФА БРОКЕР АД КУМАНОВО |
|
info@alfabroker.mk |
|
+389 70 222 105 |
Со нашите лиценцирани брокери, експерти во областа на осигурувањето, ќе си обезбедите најдобри совети и информации, со јасни и разбирливи објаснувања за сите услови кои се дел од осигурителната полиса која ја купувате. Спротивно на уверувањата на повеќето корисници, цената на брокерите е всушност подобра од цената на директното осигурување. |
|
Причината за ова главно се должи на тоа што брокерите својот надоместок го добиваат од осигурителните компании, кои обезбедуваат различни стапки за осигурителните брокери, со цел премиите да бидат пониски. Доколку се запрашате зошто осигурителните компании обезбедуваат специјални брокерски цени, одговорот е едноставен, затоа што ризикот за осигурителната компанија е помал. Нашите брокери се професионално обучени да ја изберат вистинската полиса за своите клиенти и да ги избегнат непотребните трошоци. |
|